Медиасет.мк

Медиасет

(Фото) Новак и одговори на арогантната публика: Не можеше да молчи

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, реши да се огласи по победата над Лоренцо Музети во третото коло на Монте Карло.

Српскиот тенисер реши доцна вечерта да се огласи и да и одговори на публиката која во еден момент му приреди лавина од свирежи.

Ѓоковиќ напиша кратка белешка заедно со соодветната фотографија од диригентот.

Оваа победа му ја посветувам на оркестарот“, напиша српскиот ас.

Тој алудираше на диригирање на свирежите на публиката, како што правеше шест месеци претходно на завршниот Мастерс во Торино.

Овој петок, не порано од 14 часот, ќе има меч против Алекс де Минор.

Трендинг

На почеток
error: