#ФАЦИ
(ФОТО) Панчо „истетовира“ танга на чело
Mакедонската пејачка Тамара Тодевска со новата тетоважа предизвика големо внимание во јавноста. Таа под градите ги истетовира стиховите од химната кои ги погреши за време на нејзната изведба.
Инспириран од Тамара, и Панчо од ДНК реши да ја „истетовира“ својата грешка.
Тој на фотографијата која ја сподели на фејсбук, на челото има нацртано танга.
„Гревовите поубаво се перат на чело“, напиша Панчо.
Имено, пред неколку месеци тој се огласи со коментар за девојките кои носат танги на плажа, но бидејќи беше погрешно разбран наиде на киритки на јавноста, за што веднаш се извини.