Медиасет.мк

#ФОКУС

(ФОТО) Поранешна министерка чека воз за да оди на работа

Неодамна, на социјалните мрежи почна да кружи фотка од жена која чека воз. Жената изгледа средовечно, носи црвена јакна и во раката држи сад со храна. Она што е интересно е што оваа жена е всушност Илва Јохансон, политичарка од Шведска.

Во описот на фотографијата стои дека таа е направена од случаен минувач.

„Оваа Швеѓанка која седи на клупа, со сендвич во рака додека го чека возот и му се насмевнува на минувачот кој ја фотографира, е всушност политичарката Илва Јохансон“.

https://www.facebook.com/comitetransparencialiege/posts/2632808586729802

Инаку таа била министер за труд од 3 октомври 2014 до 10 септември 2019 година. Од 1.12.2019 е комесар на ЕУ за внатрешни работи. Во политиката е од 1988 година прво како член на Владата, во 1994 како помишник министер за образование, а во 2004 како помошник министер за социјални работи.

На почеток
error: