Connect with us

Hi, what are you looking for?

ФОКУС

Германија уште во 2005 година знаела за злосторствата на Хашим Тачи

Сојузната влада на Германија уште во 2005 година, преку известувачката агенција BND, знаела за поврзаноста на Хашим Тачи со организираниот криминал на Косово, пишува „Србија денес“.

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, го обелоденила неговото учество во шверцот со органи во 2008 година.

Но, ништо од ова не ја спречи германската влада да продолжи да ги поддржува Тачи и неговата администрација.

Севим Дагделен, пратеничка на Левицата во Бундестагот, одговараше на новинарски прашања поврзани со поранешниот лидер на терористичката ОВК и позицијата што официјален Берлин ја има кон независно Косово.

Advertisement. Scroll to continue reading.

Таа беше прашана дали Германија, по ваквите обвинувања, би можела да ја промени својата одлука за признавање на Косово како независна држава.

„Не се очекува дека Ссјузната влада ќе ја исправи оваа грешка, иако таканареченото Косово е признато за посебна држава од страна на исламистите, како што се Ердоган или диктаторот во Саудиска Арабија. Но, Косово не е признато од сите членки на ЕУ“, вели Севим.

Таа изјави дека на одговорните обвинители е да докажат дали Тачи е виновен за воените злосторства, вклучувајќи го и мачењето и убиствата на стотината Срби, Роми и косовски Албанци, кои не се согласувале со Тачи и терористичката ОВК.

„На одговорните судии е да одговорат на спроведување на праведната казна. Не само за убиствената банда на албанско-косовската ОВК, која дејствувала како копнени трупи на НАТО во 1999 година, туку да спроведат правда и за оние што се одговрни за извршената агресија, оние што доаѓаат од самите членки на НАТО, вклучително и Бил Клинтон, Тони Блер и Џерард Шредер, со неговиот министер за надворешна политика Јошка Фишер. Кршењето на меѓународното право и поддржувањето на терористичките злосторства на ОВК од страна на НАТО и окупаторските сили не смее да остане неказнето“, вели Севим.

Таа одговори и на прашањето од новинарите за тоа дека ЕУ го турка проширувањето, пред сè, за да го потисне влијанието на Русија на Балканот, а од Србија се очекува да се откаже од јужната покраина.

Advertisement. Scroll to continue reading.

„Ако видиме како ЕУ постапува со земјите од Балканот, ќе добиеме силен впечаток дека постои политика на европски двор. Ова е неприфатливо, особено во однос на Србија, каде што признавањето на таканаречното Косово се наметнува како предуслов за пристапување во ЕУ, а не сите членки на ЕУ ја признаваат еднострано прогласената независност“, вели таа.

Севен изјави дека секогаш отворено го зборува она што го мисли и дека не се плаши за својата безбедност. Таа вели дека ова не е првпат да проговори за ситуацијата со таканареченото Косово и неговата поврзаност со криминалот.

„Поради непријателствата и заканите, и понатаму сум под полициска заштита. Затоа, помалку сум загрижена за себе отколку за безбедноста на можните сведоци во процесот за воените злосторства против Тачи и Весели. Специјалниот суд за Косово мора да ја осигури можноста сведоците да не бидат заплашени или, пак, можеби убиени како во случајот со Харадинај“, вели таа.
Севим проговори и за последиците што може да се случат ако ЕУ не ги осуди големоалбанските планови.„Со признавањето на отцепувањето на Хрватска и Словенија, на поттикнување на германската надворешна политика, во раните деведесети години, отворена е Пандорината кутија. Меѓународното право е тешко нарушено, а територијалниот интегритет и суверенитет се нарушени по нечија волја. Не може да се предвиди дека ЕУ ќе се спротивстави на едностраното поместување на границите во Европа. Меѓународното право се занимава со нешто што доаѓа по нарачка, односно зависи од можноста за стекнување геополитички предности“, заклучува Севим Дагделен.

Advertisement. Scroll to continue reading.
error: