Медиасет.мк

#ТРЕНД

Мајкл Џексон ја снимал „Били Џин“ речиси 100 пати пред крајната верзија

Кралот на попот, Мајкл Џексон, ја објави „Били Џин“ – една од неговите најголеми песни на сите времиња – во 1983 година, но снимањето на песната било многу понапорно отколку што фановите можеа да претпостават.

Неодамна беше откриено дека дури по 93 снимања на вокалите, успеале да дојдат до финалната верзија на песната, пренесува британски „Дејли експрес“.

Уште поинтересно е што години подоцна Џексон откри кои се неговите омилени песни – и тоа не беше „Били Џин“.

Џексон беше глобална суперѕвезда. Иако беше крунисан за крал на попот, тој исто така имаше огромен комерцијален успех, собори многу музички рекорди и продаде неверојатна цифра на плочи. Еден од неговите најпродавани албуми на сите времиња беше „Трилер“ – 1982 година, во кој е вклучен синглот „Били Џин“. Овој хит не само што се задржа на местото број еден на „Билборд хот-100“ цели три недели туку стана и платинест шест пати во САД.

Трендинг

На почеток
error: