Медиасет.мк

#ОХРИД

Градоначалникот Георгиески им посака топло добредојде на холандските туристи


Денеска го дочекавме првиот авион од холандски туристи , со 171 туристи на кој што сакам да им посакам добредоје во нашиот прекрасен туристички Охрид. Во оваа туристичка сезона ќе следат чартер групи секој понеделник и петок се до 26 септември по од прилика ист број на туристи, рече во својата изјава градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Притоа тој додаде , со ова ние правиме значаен чекор во зависност и споредба со претходната година кога немавме ниту еден чартер лет со холандски туристи. Со тоа покажавме дека борбта против пандемијата, заложбите, спроведувањето на мерките а и процесот на вакцинација беше на одлично ниво, а итоа го покажува дисциплинскиот број на новозаболени, што донесе таков предуслов да имаме странски туристи ова лето, Охрид е подготвен од било кога досега. Им посакувам среќно добредојде, убав одмор, да уживаат во природните и универзални вредности на Охрид како едно светско , природно културно богатство, истакна градоначалникот Георгиески.

Трендинг

На почеток
error: