Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

„Гугл Фотос“ просторот за складирање го ограничува на 15GB

Google веќе пет години им нуди на своите корисници можност да создаваат неограничен бесплатен бекап на фотографии со висок квалитет.
Услугата сега ќе започне да се наплатува откако ќе се искористат повеќе од 15 GB на сметката, пишува The Verge.

Промената ќе се случи на 1 јуни 2021 година и нема да биде единствената. Google планира да направи голем број други измени на Drive, како што е броење на документи и табели зачувани во Google Workspace, со истото ограничување како и за фотографиите. Google воведува и нова политика за бришење податоци од неактивни сметки кои не биле активни најмалку две години.

Сите фотографии и документи поставени пред 1 јуни нема да сметаат на границата од 15 GB, така што имате доволно време да одлучите дали да продолжите да користите Google Photos или да се префрлите на друг провајдер.

Google посочува дека нуди повеќе бесплатно складирање од другите – добивате 15 GB наместо 5 GB колку што ви дава iCloud на Apple. Тие исто така изјавија дека ќе испраќаат предупредувања до корисниците откако ќе се приближат до ограничувањето, а исто така најавија и нови алатки како што се наоѓање и бришење нејасни фотографии.

Зошто промената? Како што објаснуваат од Гугл, има премногу невидени фотографии и видеа, а услугата мора да биде одржлива.Денес, повеќе од четири трилиони фотографии се зачувани на Google Photos, а секоја недела се поставуваат 28 милијарди нови фотографии и видеа.

 

Трендинг

На почеток
error: