Медиасет.мк

#ФОКУС

Медицинска сестра реагираше на Фејсбук: Колку сме толку сме, за жал се помалку ќе бидеме

Македонските здравствени работници се уморни по долгомесечната борба со коронавирусот. По зголемувањето на бројот на заболени тие постојано трпат напади од околината.

Вики Котевска, медицинско лице, преку социјалните мрежи реагираше на овие напади.

„Колку сме толку сме, тие сме, и како тргнала работава сѐ помалку ќе бидеме..

И уште ако не сме Ви добри, што да кажам.. Заборавете ми го телефонскиот број за да прашате за совет, за да ме замолите за услуга, за врска, за да се исплачете…

Напад на секој здравствен работник е напад врз мене.. И време е да се свестите дека ние сме ви последното упориште, последната надеж… Последната шанса..

Затоа, ако не си вака до мене, било кој од Вас, бидете достојни да не нѐ кудите и да не нѐ судите.. Или пак бујрум до нас, ќе се најде работа, за сите има место да помогнат..

Да не биде дежурни кривци за сѐ труло шо се случува околу Вас, со Вас, за Вас самите..“, стои во објавата на Фејсбук.

Трендинг

На почеток
error: