Медиасет.мк

#ТРЕНД

Харисон Форд – холивудска легенда од глава до петици

Успешната кариера на Харисон Форд во Холивуд, која вклучува голем број легендарни филмови, донесе над 9.3 милијарди долари на светските киноблагајни.

А, кога не ги гони светските зла во авантуристички филмови како што се блокбастер-серијалите „Војна на Ѕвездите“ и „Индијана Џонс“, Форд се посветува на неговата страст кон авијацијата.

Во понеделникот беше забележан на аеродромот Хоторн, што е околу 20 милји југозападно од центарот на Лос Анџелес.

Форд сè уште го може да се пофали со својот суперфит имиџ што го има со децении. 78-годишниот ветеран изгледа опуштено како и секогаш, во лежерна комбинација од темносини фармерки и посветла кошула.

Харисон Форд е еден од најпознатите иконски актери на Холивуд кој остави свој белег. „Бидете страствени за она што го правите“ е омилениот  слоган на актерот кој е во филмската индустрија повеќе од пет децении.

Форд е доказ за тоа колку човек може да оди во потрага по своите соништа, ако е само страстен по нив.

 

Трендинг

На почеток
error: