Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: Нокаут со минута аплауз за Драган Вучиќ, му посветија нивни апсолутен хит

Групата Нокаут при концертот кој го одржаа на отворено, во склоп на проектот од Град Скопје, „Култура во време на корона“, одадоа почит за ТВ водителот, композиторот, шоу-менот, пејачот, Драган Вучиќ кој ненадејно почина на Инфективната клиника како последица на коронавирусот. Во негова чест, „Нокаут“ побараа минута аплауз од сите кои ги слушаат во живо, но и на социјалните мрежи. Нему му ја посветија песната „Лебедот бел“, нивни апсолутен хит.

„Следнава песна би сакал да ја посветам на еден човек, кој денеска не напушти, се вика Драган Вучиќ. Mи беше незгодно кога умре Коби Брајант, баш тие денови имавме настапи и ми беше незгодно да побарам минута молк, но денеска тоа ќе го направам за нашиот колега и добар пријател Драган Вучиќ, и намсто молчење, ако може минута аплауз за него“, рекоа Нокаут.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/231163921325885/

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: