Медиасет.мк

#ТРЕНД

Huawei претстави нов телефон – Nova Y90


Huawei на својата веб-страница претстави нов телефон – Nova Y90, кој припаѓа на средниот сегмент на пазарот. Го краси голем екран, силна батерија и Snapdragon чипсет.

Предниот панел на телефонот Huawei Nova Y90 го покрива 6,7-инчен LCD дисплеј, со Full HD+ резолуција. Има селфи камера од 8 MP сместена во отвор во центарот на горниот дел.

Главната камера од 50 MP (f/1.8) е сместена на задната страна, заедно со макро од 2MP и сензор за длабочина од 2MP. Камерите се сместени во овална испакнатост, заедно со LED блиц.

Новиот Y90 се напојува со батерија од 5000 mAh, со поддршка за SuperCharge од 40W, а компанијата тврди дека телефонот може да се наполни до 50% за 30 минути.

Во софтверското поле, уредот користи EMUI 12, но не се споменува на која верзија на Андроид се базира.

Huawei Nova Y90 има само една варијанта, со 8GB RAM и 128GB простор, со Snapdragon 680 во LTE варијанта.

Huawei не ја објави цената на телефонот кој ќе биде достапен во Crystal Blue, Pearl White, Emerald Green и Midnight Black.



Трендинг

На почеток
error: