Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Капетанот кој го спаси 4-годишното девојче, утрово добил важен повик

Вистинска драма вчера се одвивала во Грција кога силната морска струја однела 4-годишно девојче кое се капело на плажата во градот Патрас, но за среќа, неколку туристи кои се возеле на траект успеале да го забележат детето и да го спасат.

Девојчето било качено на душек во форма на еднорог, а морската струја го однело многу далеку од брегот.

Детето било забележано од траектот на капетанот Григорис Карнезис што поминува помеѓу Грција и полуостровот Пелопонез, а екипажот реагирал веднаш и го спасил детето. Девојчето седело тивко на душекот, а на рацете имало гумени мускули.

– Ни јавија дека струите го однеле девојчето на отворено море, меѓутоа не знаев дека станува збор за толку мало дете – рекол Карнезис.

Во неверојатната акција која уследила, Григорис успеал да го смири траектот и полека да му пријде на детето кое уплашено пловело на душекот. Акцијата за спасување била многу опасна, бидејќи детето можело во секој момент да се преврти или да влезе под траектот.

Вештиот капетан некако успеал да се доближи без последици и да го извлече девојчето од вода.

Карнезис утрово добил важен повик кој дополнително го шокирал, бидејќи лично му се јавил премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, да му се заблагодари за подвигот.

– Сите велат дека би го направиле истото да се нашле во твојата кожа. Но едно е човек да каже, друго е човек да направи. Ти благодарам – му рекол Мицотакис на капетанот.

Трендинг

На почеток
error: