#ФАЦИ
Кнез со моќна порака: Ако се соочам со се што ме плаши, светот ќе биде мал за мене
„Верувам во моќта на припадноста, исто како што верувам во капацитетот на младината. Исто како што верувам дека заедница е појака од поединец и поединец може да води цела заедница. Фолклорот во Македонија е неисцрпна ризница на инспирација за еден идентитет кој никогаш нема да згасне, како пиреј. Не сакам да го потиснам минатото за да припаднам на иднината, така ќе се изгубам во сегашноста. Јас сум родена тука, не знам каде ќе се однесам во животов, цел свет е мој, цел свет е твој. Ако бегам, значи бегам од себе, ако се соочам со се што ме плаши, се што ме буни и го искористам во своја полза, целиот свет ќе биде мал за мене, мал за тебе. Изгубени во превод, јас и ти ќе го најдеме вистинскиот јазик за да си го побараме сето тоа што го заслужуваме. Екипа мелем, Марко , Мони , и од секогаш Нено, благодарам што станавте дел од мојот сон, без вас ќе беше само бледа трага за неостварена визија. Намасте, цел свет е едно, а ти со твојот идентитет си дел од него. #јассумљубов #наследство #lovecatsoriginal #lvcts“, напиша дизајнерката Ивана Кнез.