Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Кои луѓе одбиваат да носат заштитни маски?

Психологот Иван Модрушан коментираше зошто и покрај препораките и обврската за носење, одреден број на луѓе ги одбива маските.

„Она што го забележив е дека голем број на луѓе се преправаат. Имено, маските ги носат на брада и таа не им ги прекрива носот и устата. Секако дека треба да се сфати дека на луѓето кои работат осум часа не им е лесно цело време да ја носат маскаат, мора да комуницираат со други, топло е и на многумина по некое време и недостасува воздух. Затоа ова кај многумина е само преправање, а не заштита, но сепак веруваат дека има некој психолошки ефект“ – истакна психологот Модрушан за РТЛ Денес. „Но, мислам дека и експертите се свесни дека носењето на маски, оние за еднократна употреба, во текот на целиот работен ден е сериозен проблем. Секако дека постои одреден круг на луѓе кој го одбива носењето на маски и би кажал дека тоа е до карактерот.“

На прашањето дали тие луѓе имаат проблем со авторитетите, дали се помалку нарцисоидни и дали станува збор за бунтовни личности склони кон конфликти, тој вели:

„Би се сложил со вас, верувам дека станува збор за луѓе кои сакаат да се противат, кои и вообичаено ги одбиваат авторитетите и сметаат дека на нив никој не може да им наредува. Да, веројатно станува збор за луѓе кои и вообичаено се склони кон конфликти, па и сево ова го користат како можност за конфликт.“

Дали помладата генерација е поопуштена кога станува збор за неносењето маски и дали причината се крие во тоа што се убедени дека короната не може да им наштите на нив?

„Јасно е дека животниот стил на младата и повозрасната популација се разликува. На младите ваквите работи и претставуваат товар и тоа е сосема разбирливо. Социјалната димензија за нив е најважна, важно им е се дружат, да излезат надвор, да танцуваат и бакнуваат и секако кога ќе им го забрани некој она што им е најважно – тие чувствуваат товар.“ – кажа Модрушан.

Трендинг

На почеток
error: