#ФАЦИ

Коки со потресно писмо до Дуле на годишнината од смртта: Помладите појма немаат кои биле Дуле и Коки, ама песните ги знаат

Објавено на

На годишнината од смртта, на Дуле се сетија и пријателите и семејството, а музичарот Никола Јанков, со кого свиреше долги години, на „Фејсбук“ му напиша емотивно писмо.

„Сите прашуваат за тебе, не те заборавиле да знаеш, особено при крај на свирката… ја темпирам „Колку треба да се плати“, ќе стиснам заби, им ја пеам, и оние пеат, ама на таа не плачам, тешко ми е да плачам на таа, гледам они плачат…

На овој ден кога ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли… Не сум ти кажал тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно и Сале е со нас. Ти стално, кога ќе го спомнев Господ, викаше, ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сега дека горе си е горе, нели… добро е таму.

Овде е зезнато малку, може малку повеќе. Има некој вирус, и ако го закачиш јако, за скоро умираш, ама некои ќе го фатат и ништо не им е… поима немам… ваљда си чул.

Макфест првпат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, не во Домот на културата, заради тој вирус, 35 години јубилеј… Таму пак не заборавија и двајцата, ама нема врска.

Со Марија, сестра ти, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти – три, пет внучиња имаш. Не им ги паметам имињата, едното од брат ти се вика Душан Љубисављевиќ, знам, по тебе.

Да знаеш дека не престанувам со музика, а ми има дојдено многу пати да баталам, ама има пет песни бе брат што треба да се пеат и свират. Помладите појма немаат кои биле Дуле и Коки, ама песните ги знаат, гледаш.

Знаеш што… нема да биде ова последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време…“, стои во пораката на Коки.

Трендинг

Exit mobile version