Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Лавот Чака спречи провала во зоолошката градина

Четири лица ноќеска околу 1.30 часот провалиле во скопската Зоолошка градина. Не е украдено ништо ниту е причинета материјална штета бидејќи чуварот во градината веднаш реагирал, а фатени се откако рикањето на белиот лав Чака ги открило каде се.

Директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека по пријавата на чуварот полицијата веднаш стасала во градината и ги уапсила провалниците.

„Лицата се прекачиле во градината преку оградата кај бараките на Град Скопје. Полицијата и чуварот ги пресретнале кај живеалиштето на белиот лав Чака, кој во моментот бил во надворешното живеалиште. Ги видел провалниците, се исправил на оградата и почнал силно да рика. Тоа било знак за полицијата полесно да ги најде, по што беа уапсени”, вели Галетановски.

Галетановски стигнал во Зоолошката кога полицијата ги спроведувала провалниците и вели дека биле уплашени и се треселе од реакцијата на лавот Чака.

Целиот текст можте да го прочитате тука

Трендинг

На почеток
error: