Медиасет.мк

#ТРЕНД

Линет од „Очајни домаќинки“ ја издржа казната за давање мито

Актерката Фелисити Хафман (57), попозната како Линет од феноменалниот квартет на серијата „Очајни домаќинки“, минатата година беше осудена за проневера и давање мито за „местење“ приемен испит за нејзината ќерка.

Хаман целосно го плати својот долг кон општеството, по нејзината осуда во скандалот поврзан со прием на колеџ.

По единаесетдневната затворска казна, едногодишен надзор и забрана за напуштење на земјата, како и 250 часа општокорисна работа, Фелисити конечно ја издржа казната во целост. Сега, откако ѝ е вратен пасошот, актерката се надева на нови актерски ангажмани.

Хафман беше осудена затоа што му платила на вратарот Рик Сингер 15.000 американски долари со цел да ѝ го „намести“ примениот испит на нејзината најстара ќерка Софија Грејс Мејси. Таа минатата година се изјасни за виновна пред судот во Бостон за случајот.

Инаку Сингер заработувал од „местење“ испити, земајќи големи суми пари од познати и богати родители.

Слично како Фелисити, помина и нејзината колешка, актерката Лори Лафлин и нејзиниот сопруг. Лафлин беше осудена на два месеци, а нејзиниот сопруг на пет, како и на две години надзор за време на кој им беа одредени 100 часа социјално корисна работа како и казна од 250.000 американски долари.

Трендинг

На почеток
error: