Медиасет.мк

#ТРЕНД

Марија Шерифовиќ за настапот на „Беовизија“: Изгледам како Урсула од малата сирена

Една од најпопуларните пејачки, Марија Шерифовиќ, им откри на фановите, дека пред да настапи на „Беовизија“, фестивалот за избор на песна за „Евровизија“, таа помислила да се самоубие.

Пејачката одговараше на прашањата на фановите, на нејзиниот „Јутјуб“ канал и на „Инстаграм“. На едно прашање од нејзин фан, за нејзиниот стајлинг со кои настапила на „Беовизија“, Шерифовиќ даде директен одговор.

„Ми падна на памет и самоубиство и да се отрујам и да се убијам и да извршам некој тежок злостор“, му одговори Шерифовиќ на прашањето дали помислила да се самоубие поради нејзиниот стајлинг.

Сепак пејачката на крајот одговори дека тоа го облекла за да ја одработи вечерта професионално и дека сето тоа било шоу бизнис. Таа е позната по нејзиниот момчешки изглед, но специјално за таа вечер, Марија одбра да носи фустан.

„Да се разбереме. Јас сметам дека мојот изглед прави да бидам целосен кретен и идиот. Изгледам како Урсула од малата сирена“, одговорила Марија во продолжение.

За потсетување, пејачката во 2007 година, победи на најголемиот европски музички фестивал со песната „Молитва“.

https://youtu.be/DUi1HhFMeh8

Трендинг

На почеток
error: