#ФОКУС

Луѓе вие сте злато: Собраните парите за лекување на Елеонора, семејството упатува благодарност до сите!

Објавено на

За седум денови или една недела се собраа средствата за првиот третман на малата Елеонора Тодоровска, која треба да се лекува во Турција од ретката болест леукодистрофија. Семејството успеа со донациска помош преку телефонските линии на Телеком и А1 да собере средства за третманот кој чини 17.400 евра.

За ова, тие изразуваат особена благодарност до секој еден кој и со најмал придонес помогна и се приклучи во борбата на Елеонора, која повторно и се спротивставува болеста поради која две години ги минува низ болничките ходници.

„Поради тоа што секој придонес е исклучителен и исто важен, неизмерно благодарам на сите донатори, медиумите, споделувачите на објавата низ социјалните мрежи, сите граѓани и фирмите кои се вклучија во акцијата. Без сите вас, оваа мисија немаше да биде успешна“, велат родителите на Елеонора.

Елеонора наскоро ќе замине на лекување во турската болница „LIV hospital“, што ќе беше невозможно без сите донатори. На почетокот, кога фотографиите на Елеонора се споделуваа низ социјалните мрежи и медиумите, семејството беше потиштено поради тоа што само не може да си помогне. Но сега, откако целта е остварена, нивната радост е неизмерна.

За потсетување, парите за лекување на Елеонора се собрани во важен период, кога болеста стагнира по последните третмани направи во Франција, што остава можност за подобрување на нејзината состојба. Докторите од турската болница уверуваат дека може да се стопира прогресијата на болеста, а таа да има подобар живот и детство, повторно сама да се храни и да биде дете како сите други, но надеж дека ќе застане и сама на нозе.

Трендинг

Exit mobile version