Македонската ТВ водителка, а очигледно и модел, Лила Филиповска, се пожали на социјалните мрежи поради негативните коментари кои ги слушнала додека ја фотографирале во Градскиот парк, додека позирала за новата колекција на позната дизајнерка.
„Малку е да кажам дека вчера луѓето во парк ме гледаа како вонземјанин. Замислете сцена сите во спортски аутфит, кој трча, кој пешачи, кој одмора, а јас во долг фустан и потпетици… И секако имаше коментари ‘кај тргнала оваа’ ‘е баш е кул , ‘ајде да се сликаме’ ‘ ајде да трчаме, што би рекол Владо Јаневски “луѓе се нек си прозборат”, напиша Лила на „Инстраграм“.
