#ФАЦИ

Маја Оџаклиевска го имаше последниот настап: Уморна сум од сè, ова нека биде простување

Објавено на

Една од најголемите југословенски пејачки Маја Оџаклиевска го имаше последниот настап во емисијата „Луда ноќ“ на РТС. Таа најави дека ќе се повлече од сцената затоа што е веќе уоморна од сè и дека нејзиниот настап ќе биде едно убаво простување со публиката.

Нејзината најава дека ќе се повлече ги изненади сите, а особено ги натажи оние кои го обожаваа нејзиното пеење.

„Овој пат ме потсетивте да ве потсетам дека ова навистина ќе биде едно убаво простување. Знам дека сакате да настапувам, но јас сум уморна од сè“, изјавила Маја.

Маја во последните години ретко се појавува во јавноста. Таа се повлече и живее од пензија со која се грижи за нејзиниот внук Лука, на кого пред седум години му било дијагностициран аутизам.

„Не можам многу да се грижам и целосно да одговорам на потребите на мојот внук, поради мојата мала пензија од 33.000 динари. Но, тој е разумен. Кога ќе му кажам дека немаме пари, ќе се налути, но молчи. Не е бесно дете кое сака многу работи“, вели Оџаклиевска.

„Лука е аутистичен, сè уште не говори и јас целосно му се посветив. Не велам дека сум се занемарила себе си, но јас не сум во прв план во ваква ситуација. Тој стана сосема поинакво дете“, изјави Маја.

„Неговата душичка е очигледно напатена. На секого од нас нешто му смета, а него можеби токму лаењето на кучето е тоа што му смета. Тоа е индивидуална работа и секое дете со аутизам е свет сам по себе, секое има некаков проблем“, вели Маја.

Трендинг

Exit mobile version