Мајката на осмоодделенецот Дамјан Давков, ученикот на кој не му беше доделена наградата за освоено прво место по математика од страна на Министерството за образование и наука, со образложение „дека се натпреварувал со средношколци“, се огласи на Фејсбук.
Вели дека искажаното на ресорната министерка Мила Царовска дека виновник е Сојузот на математичари на Македонија што го испратиле нејзиниот син да се натпреварува со средношколци- не е аргумент.
-Внимателно го прочитав официјалното соопштение на МОН и јасно беше на што алудира Министерката, што го потврди и на вчерашната емисија на Канал 5.