Медиасет.мк

#ФОКУС

Македонија на второ место по стапката на смртност од коронавирус во регионот

Македонија е на второ место во регионот по стапката на смртност од Ковид-19, објави црногорската агенција МИНА, која објавува официјални податоци од здравствените власти во државите.

Најголема стапка на смртност има во Словенија, а на трето место е Косово.

Стапката на смртност во Словенија е 4,69 проценти, во Македонија 3,99 проценти, на Косово 3,84 проценти, во Албанија 2,96 проценти, во БиХ 2,95 проценти и во Србија 2,27 проценти.
Стапката на смртност во Црна Гора е 1,97 проценти, а во Хрватска 1,86 проценти.

Македонија е на трето место од земјите во регионот по бројот на активни случаи на коронавирус на милион жители. На прво место е Црна Гора, а на второ е Косово, објави црногорската агенција МИНА.

Во Црна Гора има 7.503 заразени на милион жители, 7.342 во Косово и 7.175 во Македонија.

На четврто место е Босна и Херцеговина со 5.578, следат Србија со 4.480, Албанија со 3.222, Хрватска 2.417 и Словенија со 1.369 заразени на милион жители.

Најголем број хоспитализирани на 100 илјади жители се регистрирани во Косово, по што следат Црна Гора и Македонија.

Во Косово се регистрирани 20 хоспитализирани на 100 илјади жители, во Црна Гора 18, во Северна Македонија 15, а во Србија девет хоспитализирани на 100 илјади жители.

Најмногу тестирани на еден милион жители има во Србија, 131.889 на милион жители, на второ место е Црна Гора со 77.992, а на трето место е Словенија со 76.267.

На четврто место е Македонија со 70.674 тестирани на милион жители, по што следат БиХ со 51.669, Хрватска со 40.617 и Албанија со 21.255 тестирани на милион жители.

На почеток
error: