#ФАЦИ
Миленко, Пандов и Панчевски ги апселе од кафана пред полноќ
Синоќа во 22.0 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.„6″ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости, соопшти МВР.
Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица кои се приведени во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од ковид-19.
Меѓу приведените се новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митевски од „Инфомакс“, објави А1.он.