Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вчера објави на „Фејсбук“ дека е позитивен на Ковид-19.
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките што ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат на Ковид-19.
Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми, и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, вели тој.
