Медиасет.мк

#ФОКУС

Мислел дека вирусот не постои и отишол на ковид-забава, а потоа починал

Триесетгодишен пациент починал откако присуствувал на ковид-забава, сметајќи дека вирусот е измама, изјави медицински службеник во Тексас.

„Пред смртта, пациентот ја погледна медицинската сестра и ѝ кажа: ‘Мислам дека направив грешка, мислев дека ова е измама, но не е’“, рече д-р Џејн Еплби, од Методистичката болница во Сан Антонио.

Еплби рече дека не сака со ова да предизвикува паника, туку само се обидува да сподели неколку примери од реалниот свет за, како што кажа, да ѝ помогнеме на нашата заедница да сфати дека овој вирус е многу сериозен и лесно се шири.

Таа објаснила дека ковид-забава е собир што го приредува некој кај кого е дијагностициран коронавирусот за да види дали вирусот е вистински и да види дали некој ќе се зарази.

Докторката рекла дека била поттикната да го сподели овој случај откако бил забележан пораст на заболени. Таа кажала дека меѓу хоспитализираните има и лица на возраст од 20 до 30 години.

„Ве молам носете маски, останете дома, избегнувајте групирање и мијте ги рацете“, апелирала таа.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: