Медиасет.мк

#ФОКУС

Српски доктор открива: Делот од белите дробови кој е зафатен од инфекцијата е неповратно уништен

Српскиот кардиохирург Миљко Ристиќ денеска изјави дека обдукциите на оние кои починале од коронавирус покажале зачудувачки и крајно загрижувачки податоци.

„Во Србија се извршени 17 обдукции, иако СЗО не препорачува обдукција на оние што починале од Ковид-19, затоа што постои огромен ризик присутните да се заразат. Кога станува збор за резултатите од обдукцијата, тие мора да бидат познати и посебно треба да ги знаат младите, за да послужат како еден вид предупредување“, вели доктор Ристиќ.

Тој посочува дека умираат и млади луѓе, а најголем дел од спроведените обдукции во Србија биле на млади пациенти кои починале во рок од 24 до 48 часа.

„Ова не е едноставна пневмонија или настинка, туку сериозна болест. Треба да се влијае врз свеста на младите за да ги намалат непотребните активности, а тоа е единствениот реален начин да се спречи епидемијата“, истакна доктор Ристиќ во изјава за „Пинк“.

Тој потенцира дека во овој момент младите се разболуваат под ист ризик како и старите лица, иако немаат историја на претходни заболувања.

„Честопати и младите завршуваат за еден до два дена. Разберете дека вирусот е во нашето опкружување и дека секој е потенцијален кандидат за ова тешко заболување“, вели докторот.

Тој посочува дека вирусот предизвикува инфекција, ги уништува белите дробови, а кај оние што ќе го прележат остава трајни последици по нивното здравје како зачестена малаксаност и замор.

Респираторите, вели тој, не се семоќни и дозволуваат само здравиот дел од белите дробови да функционира полесно, додека делот од белите дробови зафатен од инфекцијата е неповратно уништен.

„Ниту еден лек или респиратор не може да ја врати функцијата на белите дробови“, предупреди доктор Ристиќ

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: