Семејството на 10. годишната Јелена Добровиќ преку социјалните мрежи побара финансиска помош за операцијата на нивната ќерка. За операцијата потребни се 92.000 денари кои тие не се во можност да ги обезбедат.
„Ова убаво 10 годишно девојче има потреба од операција на овие прекрасни кафени очиња. За да може да се направи операцијата во “Европска очна болница” Скопје, потребни се 92000 денари. Семејството не е во можност истите да ги обезбеди и затоа сме им потребни ние луѓето со хумано срце.
Со љубов за Јелена Добровиќ
свртете го бројот 143434
од било кој оператор и донирате 100 денари“, се вели на фејсбук.
https://www.facebook.com/lidija.stefanovska.18/posts/3848781141803335