#ФОКУС

Зошто некои луѓе умираат од корона, а некои немаат ни симптоми?

Објавено на

Две неодамнешни студии открија зошто луѓето заразени со корона можат да имаат симптоми кои варираат од благи до непостоечки, па сè до тешка клиничка слика и смрт. Истражувањето спроведено на Универзитетот Рокфелер покажа дека одреден број пациенти имаат мутација на гените, и дека тие се активираат кога телото го напаѓа вирусот за да се одбрани од болеста.

Мутацијата на гените го тера организмот да создава авто-антитела, кои наместо вирусите, го „напаѓаат“ самиот организам и во него прават хаос.

„Нè вџаши истражувањето што покажа дека организмот кај пациентот со мутација на гените реагира така што ги напаѓа сопствените ќелии, а не вирусот. Ова е откритие кое ќе има големо влијание на дијагностиката и лекувањето“, рече Жан-Лоран Казанова, водач на студијата.

„Доколку е некој позитивен на коронавирус, би требало понатамошното лекување да опфаќа и тест на авто-антителата и адекватна реакција на медицинските лица ако се утврди дека тие антитела постојат. Отстранувањето на тие антитела од крвта би можело значајно да го олесни понатамошното лечење и симптомите на болеста“, изјави тој.

Во истражувањето учествувале 987 пациенти, но тоа продолжува и сега се анализираат податоците за повеќе од 3.000 пациенти кои се со тешка клиничка слика.

Трендинг

Exit mobile version