#ФОКУС
Наудисти и свингери шират корона
Локалните власти се загрижени за огромниот број случаи во нудистичко одморалиште!
Ново жариште е пријавено во нудистичкиот камп во францускиот град Кап д’Агде, во близина на Монпелје.
Локалните власти го нарекоа жариштето „многу загрижувачки феномен“, бидејќи Франција во моментот доживува рекордно зголемување на нови случаи.
Најмалку 95 гости биле тестирани на лице место и добиле позитивен резултат, додека 50 од нив пријавиле симптоми и биле тестирани при враќање дома.
Според сопствениците, посетителите на кампот биле должни да носат маски и да се придржуваат кон правилата за одржување на дистанца, што наводно го правеле. Но, проблемот лежи во фактот дека овој камп го посетуваат и свингер, за кои не може да се каже дека „ја одржуваат својата дистанца“.
Процентот на заразени во однос на бројот на тестирани е четири пати поголем во однос на околните места со сличен број на жители, пренесува „Дејли Меил“.