#ФАЦИ
(ФОТО) Наум Петрески до колегите: Носете се у мајчина
Откако на официјалниот фејсбук-профил на Здружението на естрадни уметници ЗЕУМ беше објавен статус во кој пишува дека тие вторпат ќе бараат помош од државата за музичарите, но само за оние што се членови на здружението, реагираше Наум Петрески. Фолк-пејачот во коментар ги опцу музичарите што се декларираат како естрадни уметници и ѕвезди, но, според него, не се од негов ранг.
„Носете се у мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди, без никаков багаж и тежина со се шарената ваша влада“, напиша Наум Петрески во коментар.