#ФАЦИ

„Не се разбирам во медицина, ама можам да помогнам“, Панчо сака да волонтира во МЗ

Објавено на

Панчо од ДНК на својот профил се понуди за помош онаму каде што Министерството здравство за има потреба од екстра работна сила. Тој нагласи дека не му треба никаков хонорар туку сака да волонтира.

Со оглед на тоа што тој не е квалификуван како медицинско лице, тој смета дека би можел да послужи и помогне при дезинфицирање, чистење, превоз, набавки и сл.

„Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, тешката и макотрпна борба на нашите лекари и сите здравствени работници, би сакал доброволно да се пријавам да помогнам каде што има потреба од екстра работна сила.
Не се разбирам во медицина ниту сум квалификуван како лекар и медицинско лице но можеби би можел да послужам и помогнам на различни локации каде што Министерство за здравство
има дефицит од луѓе ( дезинфицирање, чистење, превоз, набавки итд. )
Да не се сфатиме погрешно сето ова би го правел волонтерски, хонорар не ми е потребен.
Заедно секогаш сме појаки“, стои во објавата на фејсбук.

Трендинг

Exit mobile version