Медиасет.мк

#ФОКУС

Нефи го натепал Топаловски но е ослободен од обвинение, државата ќе му плати над пола милион денари за адвокати

Судијката Билјана Белевска – Пројковска ги ослободи од обвинение браќата Нефи и Ибро Усеини за напад врз охриѓанецот Топалоски, кој прво ги обвини браќата дека го нападнале, а потоа се премисли и даде спротивен исказ. Судот во детали објаснува зошто донел одлука да ги ослободи двајцата браќа Усеини.

„При одлучувањето судот со големо внимание го ценеше исказот на оштетениот С.Т. при што се имаше во предвид неговото целокупно однесување во текот на постапката. Иако истиот со јавни медиумски настапи бараше да се утврди кривична одговорност на обвинетите, што доведе до голем јавен интерес за постапката, во текот на главната расправа, манифестираше однесување со кое настојува да им помогне на обвинетите да ја намалат или избегнат кривичната одговорност. Така, овој сведок кој иако има својство на оштетен, пред судот категорички изјави дека не се чувствува за оштетен, нема интерес за кривично гонење на обвинетите, не истакнува оштетно побарување, па судот ја прифати неговата слободна диспозиција, заради што практично во оваа постапка од формално процесен аспект нема оштетен субјект. Имејќи го во предвид однесувањето на оштетениот пред судот и одбивањето да дава одговори на поставени прашања, а со образложение дека на истите околности веќе дал исказ пред јавниот обвинител, со процесно решение, согласно чл. 388 ст. 3 од ЗКП, на главната расправа беше прочитан исказот на овој сведок даден ан записник КО бр. ..од 20.08.2020 год., а истиот беше прогласен за непријателски сведок на обвинителството и беше вкрстено испитуван од страна на јавниот обвинител. Но, и покрај јасните снимки од видео надзор кои му беа предочувани при испитувањето, сведокот – оштетениот остана на исказот дека не бил физички нападнат од обвинетите, дека повредите кои го здобил му ги нанело друго лице, не знаел кое, но дека тоа не биле обвнетите. Но, во својот исказ даден пред ОЈО О., оштетениот ги појаснува околностите како дошло до средба меѓу него и обвинетиот, дека бил повикан од страан на обвинетиот Н. по телефон, дека заедно со неговиот малолетен син Д.кој бил на возраст од 15 години со возилото Ш..а отошол на паркингот пред хотелот Ј.дека неговиот син Д. излегол од возилото, а обвинетиот Н. влегол во истото и седнал на совозачкото седиште, дека настанала вербална расправија помеѓу нив, и во овој дел на исказот судот му поклони верба. Но, по ваквата хронологија на настанот, ошететениот тврди дека иако бил физички нападнат, таквиот напад бил од позади, не видел кој го удрил, но дека тоа не бил Н. ни некое лице со брада кое ги смирувало, а дека на паркингот воопшто не го видел обвинетиот И. На овој дел од исказот на оштетениот Т. судот не му поклони верба, бидејќи е спротивен ан неспорните докази – снимки од видео надзор, од кои јасно се гледа дека сега обвинетите физички го нападнале оштетениот, дека тој се обидува да го избегне нападот со влегување преку главната лизгачка врата во влезот на хотелот, директно ги гледа обвинетите, кои при движење кога тој се обидува да побегне го следат и удираат“, вели судот.

Иако на снимките јасно се гледа како е тепан Топалоски, тој останал на исказот дека повредите не му ги нанел Усеини, туку непознато лице кое го удрило од зад грб, спротивно на она што го кажа во Обвинителството.

„Во текот на доказната постапка како сведоци – очевидци на настанот беа испитани, а по предлог на обвинителството и сведоците Р. Т., Н. Ј., Ј. К. С. Ј. и М. К. но сите овие сведоци беа прогласени за непријателски сведоци ан обвинителството. Имено, сите наведени сведоци, освен Р. Т. кој е пензионер, но сопственик на хотелот, во критичниот период биле вработени во хотелот и се наоѓале на своите работни места. Така К. бил на работно место во шанкот во лобито на хотелот, Ј. и К.биле на пултот на рецепцијата, значи десно од влезот, а Ј.била во канцеларијата која се наоѓала зад рецепцијата со прозорец према паркингот, а во еден момент дошла на рецепцискиот пулт. Но, сите овие сведоци на главнаа расправа пред судот настојуваа да го релативизираат однесувањето ан обвинетите, наведувајќи дека виделе гужва, туркање, но не и конкретни дејствија на агресивност или насилство од страна на обвинетите. Со ваквите искази очигледна е тенденцијата на сведоците да им помогнат на обвинетите да ја избегнат кривичната одговорност, заради што и беа прогласени за непријателски сведоци од страна на обвинителството. Но, особено од значење за одлучувањето на судот се дадените јасни и категорични изјави на сите испитани сведоци дека како очевидци на настанот не се почувствувале исплашени, загрозени, и не почувствувале чувство на страв. Ваквите искази се ценети заради утврдување на постоење на битието на кривичното дело за кое се товарат обвинетите. Иако во текот на истражната постапка пред ОЈО О., сите овие сведоци дале поинаков опис на состојбата, ан главна расправа, под заклетва и опоменати за последиците од давање на лажен исказ, негираа дека се чувствувале загрозени, исплашени и вознемирени“, вели судот.

Сега, државата треба да им ги плати адвокатите на Нефи и Ибро Усеини.

„Согласно чл.106 ст.1 од ЗКП, а со оглед дека обвинетите се ослободени од обвинението, одлучено е трошоците на постапката и трошоците за одбрана на обвинетите да паднат на товар на Буџетот на РСМ. Висината на трошоците за одбрана од бранителот адв. Цобоски е одмерена на износ од 243.753,00 ден., согласно АТ,и истите се однесуваат на: трошоци за состав на жалба на решение за притвор со 50 % зголемување за редовен правен лек и паушал – 13.650,00 ден., застапување на 17 рочишта за главна расправа со паушал 17 х 9.100,00 = 154.700,00 ден., часовнина за 21 час, во износ од по 1.820,00 = 38.220,00 ден., и ДДВ 18 %= 37.183,00 ден. Висината на трошоците за одбрана од бранителот адв. Донеска е одмерена на износ од 243.753,00 ден., согласно АТ,и истите се однесуваат на: трошоци за состав на жалба на решение за притвор со 50 % зголемување за редовен правен лек и паушал – 13.650,00 ден., застапување на 17 рочишта за главна расправа со паушал 17 х 9.100,00 = 154.700,00 ден., часовнина за 21 час, во износ од по 1.820,00 = 38.220,00 ден., и ДДВ 18 %= 37.183,00 ден“, вели судот.

Трендинг

На почеток
error: