Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 500 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информира Министерството за здравство.
– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болен, а во Куманово 71 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 6 во Кичево 10, Кавадарци 60, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, велат од МЗ.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 825 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.
По згоелемниот број на заболени, се заговара и полициски час на социјалните мрежи. Многумина сметаат дека тоа е едиснтвениот начин да излеземе од пандемијата која трае повеќе од една година. Особено е тешко што се преполнуваат и болниците, па и модуларните. Некои пак, се противат на полициски час. Еве дел од коментарите:
https://twitter.com/Protivizam1/status/1368522882834436098
https://twitter.com/fraerot/status/1368522577694629891
Калето ќе каже дали ќе има полициски час!
— П И П О (@HerrPIPO) March 7, 2021
Е добро де, и да има полициски час, сонцето и онака заоѓа пред 6…
— Сине (@Corner_43) March 7, 2021
https://twitter.com/pipelinmkd/status/1368218350304821258
Абе океј дека сакате Скопје да остане на Скопјани, ама кога беше карантин и полициски час, не ни ги оставивте селата на нас селаните.
— Колешката од факс 🍩 (@fantazijata) March 6, 2021