#ФОКУС

Нема сушење алишта во двор, ако живеете во Ѓорче Петров

Објавено на

Општина Ѓорче Петров ја измени одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Според новиот член, забрането е жителите на општината да ги сушат алиштата во двор, но и да засадуваат овошни дрва чии плодови ќе ја валкаат јавната површина.

По членот 36 се додава нов член 36-а кој гласи:
движење, запирање или паркирање на возила на јавна зелена површина,
зелена површина околу јавните објекти и зелена површина околу деловни и
колективни станбени објекти;
-движење на запрежни возила;
-оставање на нерегистрирани, хаварисани или напуштени возила,
-оставање на приклучни возила, камп приколки, чамци, камп возила,
земјоделски машини и сл.“
„Дворните места на колективни и индивидуални станбени објекти, како и местата / површините што се наоѓаат внатре или меѓу станбен или деловен блок или меѓу објекти мораат да се одржуваат во уредна и чиста состојба.
За уредност и одржување на чистотата на местата од ставот (1) на овој член се грижи сопственикот односно корисникот на дворот, односно сите сопственици и корисници на заедничкиот двор или места.
Во дворните места се забранува оставање, складирањеодносно собирање на каква било амбалажа, кабасти предмети од домаќинството, градежен и друг отпад и какви било други предмети што предизвикуваат нагрдување на изгледот и неуредност на просторот.
Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено:
– сушење на алишта,
– тревата да биде повисока од 10 см,
– да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина, – гранчињата на украсните и жбунести растенија да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето.
Лицата од став (2) на овој член се должни редовно да ја чистат површината, да
ја косат тревата, кастрат живата ограда и другите растенија, да не дозволат растенијата да ја оштетуваат или валкаат јавната површина, објектите и
инсталациите, да го отстрануваат плевелот, да ги одржуваат бетонските површини

Трендинг

Exit mobile version