#ФОКУС
Николовски побара оставка од Лидија Димова
Вицепремиерот Љупчо Николовски, преку својот фејсбук профил побара оставка од директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.
“Директорката Лидија Димова, смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност”, напиша Николовски.