Connect with us

#ФОКУС

Ноќеска апсења на Бит Пазар, Центар, Гази Баба

На 24.06.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(24) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 24.06.2022 во 20.50 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода А.Р.(27) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (25.06.2022) во 01.05 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(38) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (25.06.2022) во 02.50 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода С.Ѓ.(23) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

#ФОКУС

RSS Feed Generator, Create RSS feeds from URL

Features

Embed News Feeds


Take control of your content using our cloud based all-in-one news feeds solution. Easily embed dynamic content on your website.

  • News Feeds

    Dynamically updated news feeds at the tips of your fingers

  • Filters

    Filters

    Stay focused on your content using our advanced filters

Continue Reading

#ФОКУС

Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски прифати погубна резолуција на ЕПП, вели СДСМ

Владата на чело со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски се грижи за националните интереси, достоинството на сите граѓани и силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор, вели СДСМ

„Од друга страна е Христијан Мицкоски кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини, а надвор прифати погубна Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија.

Запаметено ќе остане дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не се спротивставиле на спорната Резолуција на ЕПП, дека не направиле ништо против тоа.

Разликата е голема и граѓаните ја гледаат и препознаваат.

Ковачевски го брани македонскиот идентитет, а Мицкоски премолчено прифаќа ставови на Бугарија“, се вели во соопштението.

Continue Reading

#ФОКУС

Бектеши: Ј.К. грее базени и копа криптовалути, го знаете, не е Јелена Карлеуша

Крешник Бектеши, министер за економија, тврди дека цената на елеткричната енергија е зголемена само во четвртиот блок. Бектеши на седница за пратенички прашања рече дека граѓаните ќе плаќаат исто па и помалку со блок тарифите.

„Грејат базени, копаат криптовалути. Го знаете и самиот, Ј.К.. Не е Јелена Карлеуша. Вашиот, што ве финансира. И денеска се жалите зошто ние ги браниме граѓаните во првиот, вториот и третиот блок. 36 мегавати да се троши месечно е 85 пати повеќе од просечно македонско семејство во државата“, кажа Бектеши.

Во четвртиот блок, покачувањето на струјата е од 11,4 проценти па до 99,5 проценти.

 

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: