#ФАЦИ

Нокаут победи на „Макфест“, Пере смета дека тоа е награда за 24 години работа

Објавено на

Победничка песна на 35-то Макфестовско издание е „Сакам да живеам“  од Нокаут. Темата е со потписот на Пере и Филип Неделковски како автори на музиката и Огнен Неделковски, кој го потпишува текстот. Втората награда отиде во рацете на  Ѓоко Таневски за одличната „Ден по ден“, а третата за „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски.

Никола Перевски-Пере од Нокаут за МИА вели дека ова е награда по 24 години работа, а слатка трема немал да почуствувано никогаш.

– По 24 години конечно нешто да освоиме, публиката тоа го примети дека има некаков квалитет, што сме го направиле. Се разбира тука е жирото кое гласаше за нас и веројатно жирото, тоа го почуствувало. Најважно е за мене да почуствува песната, да се пренесе енергијата, кај публиката, еве и кај жирото и сметам дека е заслужено, вели Пере, кој во разговорот за МИА открива и дека песната била направена пред три години, а инспирацијата доаѓа од љубовта.

Трендинг

Exit mobile version