#ФОКУС
Нов земјотрес со јачина од 4,8 степени
Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,8 степени е регистриран во 15 часот и 25 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот е на длабочина од 10 километри.
Попладнево беа регистрирани уште два потреси, во 12 часот попладне со јачина од 3,8, и во 13 часот и 25 минути со јачина од 3,6 степени.
Рано утрово, во 04 часот и 54 минути, беше регистриран најјакиот потрес со магнитуда од 5 степени.