Во припрема е нова сезона на долгогодишната драмска серија „Вовед во анатомија“ на „Еј-би-си“, објави порталот Варајати, додавајќи дека продукцијата треба да започне во септември.
Истиот извор тврди дека снимањето на Сезоната 17 веројатно ќе започне во Лос Анџелес веќе следната недела и најверојатно ќе биде фокусирана на коронавирусот.
“Еј-би-си“ сè уште не го одредил датумот на премиерата на новата сезона, која е една од неколкуте серии на ТВ-мрежата со најава за камбек.