Медиасет.мк

#КИНО

Одложено снимањето на „Џурасик парк“

Снимањето на филмот „Џурасик парк: Доминион“ е прекинато на две недели, откако неколку членови на продукцијата биле позитивни на коронавирусот.

Режисерот Колин Треворов истакна дека сѐ е во ред со соработниците кои биле заразени, но тој е решен да ги почитува медицинските препораки и снимањето ќе се одложи на две недели.

– Набргу сите беа негативни, но ние ќе паузираме – изјави Треворов.

Засега не е објавено кога ќе биде премиерата на новиот филм од оваа франшиза.

Трендинг

На почеток
error: