Медиасет.мк

#КОРОНАВИРУС

Лекувањето на заразените од ковид-19 со крвна плазма е од мала корист

Употребата на крвна плазма од оздравени од коронавирусот за третман на пациенти е од мала корист, покажува најновото клиничко истражување спроведено во Индија.

Резултатите од истражувањето беа објавени во британското медицинско списание БМЈ и покажаа дека третманот со крвна плазма не ја намалува или спречува смртноста од ковид-19.

Студијата е спроведена врз основа на студија на 464 хоспитализирани пациенти со ковид-19 и покажала дека третманот со плазма има мошне мал ефект врз сузбивањето на вирусот.

Студијата е извршена со поделба на заразените пациенти во две групи – едната примила две трансфузии од рековалесцентна плазма, во период од 24 часа, со најдобра стандардна нега, а другата само најдобра стандардна нега.

По седум дена, некои симптоми како што се дишењето и заморот се подобриле кај пациенти третирани со плазма, но бројот на смртни случаи не се намалил.

Крвната плазма нема клиничка корист, рекол Сајмон Кларк, експерт за клеточна микробиологија на Универзитетот „Ридинг“. Вирусолог од истиот универзитет, Јан Џонс, смета дека плазмата има ефект ако му се даде на некого набрзо по заболувањето од вирусот.

Трендинг

На почеток
error: