#ФОКУС

Охриѓанка исфрлена од семејството, десет дена спиела на отворено

Објавено на

Стара жена во Охрид, исфрлена на улица од семејството, веќе десетина дена живее во напуштена барака.

За случајот информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, кој откако добил информација за случајот, веднаш се упатил на самото место.

-Упатувам апел до семејството на оваа жена од Охрид, која десеттина дена е исфрлена и оставена од сите, да не дозволат, таа и понатаму да биде бездомник и да „живее“ во оваа напуштена хорор барака, од која, и кучињата ноќе бегаат.

Оваа жена, не заслужила таква суровост и бездушност од нејзините, не заслужила да биде оставена на милост и немилост на овој студ и на кучињата, кои ја имаа опколено денеска, кога по добиена информација, отидов на ова место. Упатувам пофалби за брзата реакција по моето јавување, на СВР Охрид, на Итната медицинска помош, на Центарот за социјални работи- порача Димоски, потенцирајќи дека семејството ќе мора да реагира и да ја згрижи жената.

Тој се заблагодари на брзата реакција на СВР Охрид, на Итната медицинска помош, на Центарот за социјални работи.

„Го известувам семејството на оваа жена, дека, благодарение на реакциите, вечерва, нивниот родител ќе има пристоен дом, но веќе од утре, ќе мора да реагираат и да си го згрижат родителот. Никој, ама баш никој, без оглед на се, не заслужува ваква судбина, отфрленост и заборавеност“, вели Димоски.

Трендинг

Exit mobile version