Connect with us

#ОХРИД

Општина Центар: Остро демантираме дека се продавало државно земјиште во „Треска“, Шанса за Центар манипулира


Општина Центар ги отфрла тврдењата искажани на прес-конференцијата од страна на „Шанса за Центар“.

„Тие по секоја цена се обидува да ја дефокусира јавноста обвинувајќи дека дел од земјиштето на поранешната фабрика „Треска“ било продавано во четири очи. Општина Центар ниту има продадено земјиште надвор од законските прописи, ниту вакво нешто ќе се случи во иднина. Градоначалникот на Општина Центар неколкупати досега изјави дека се залага за хуман урбанизам поради што веќе излегува на терен да ги види фактичките состојби, локацијата и местоположбата на објектите кои се предмет на поднесени барања за градба За конкретниот случај, со споменатите парцели кај „Треска“ до општината стигнати се 6 предмети за дооформување градежна парцела и 20 предмети за откуп на земјиште под објект и по овие постапки општината сè уште нема одговорено. Што се однесува на законските регулативи и зошто уредбите за дооформување парцели не се променети цели 5 години, „Шанса за Центар“ треба да знае дека општината воопшто нема надлежност ниту било каква можност да изврши било какви промени. Оттука, ја повикуваме „Шанса за Центар“ да не манипулира со јавноста дека ингеренциите по ова прашање се во рамки на локалната самоуправа“, велат од Општина Центар.

Тие додаваат: „Што се однесува до конкурсните решенија, просторот кај поранешната фабрика „Треска“ ќе се уредува заедно со Деталниот урбанистички план (ДУП) за Буњаковец 1 и 2, а не како посебна целина.

Општина Центар потенцира и дека тврдењата на „Шанса за Центар“ кои наведуваат дека 47 отсто од земјиштето е државно, не се точни затоа што всушност се работи за вкупно земјиште од околу 15% кое треба да се дооформи, додека останатиот дел се јавни површини како пешачки патеки, улици и тротоари кои воопшто не се предмет на дооформување.

Општина Центар исто така порачува, „Шанса за Центар“ да не ја манипулираат јавноста дека градоначалникот Горан Герасимовски одбива соработка со Партиципативното тело за урбанизам, затоа што тој неколкупати досега лично иницираше средби со Комисијата за урбанизам, како и со архитекти и сопственици со цел да се слушнат сите засегнати страни.

На крајот, како општина уште еднаш повторуваме дека бараме начин како јавниот интерес да биде целосно заштитен, меѓутоа не можеме да бидеме над законот. Се работи за приватни имоти кои ние како општина законски не смееме да ги сопреме. Бараме решение во интерес на граѓаните, но кое во исто време ќе биде безболно и за општината, бидејќи Општина Центар не може да трпи милионски штети на грбот на граѓаните“.

#ОХРИД

(ВИДЕО) Сакал да види како ќе му изгледа погребот, па платил работници да плачат за него


Миладин Јелиќ од Бања Лука стана хит на социјалните мрежи, откако се снимил како лежи на својот гроб. Тој сакал да види како тоа ќе изгледа и направил проба. Во видеото се слушаат луѓе кои плачат за него.

На видеото се гледа како тој легнува на своето гробно место, а на луѓето кои плачат им платил и по 50 евра. Јелиќ е познат како Маза и е сопственик на истоименото кафуле во Бања Лука.

Со ова видео ги изненадил сите пријатели, кои велат дека често знае да направи вакви работи и да ги насмее до солзи. За неговото кафуле, Јелиќ вели дека е многу познато во Бања Лука и дека кај него доаѓаат голем број естрадни ѕвезди, меѓу кои и Саша Матиќ.

Continue Reading

#ОХРИД

„Лажевте дека од Ѓорче ќе направите Париз и оставивте задолжена општина каде единствено донесовте забрана за простирање гаќи“, остра реакција до СДСМ


Општина Ѓорче Петров остро реагираше на изјава за медиуми, Кристијан Јовановски, претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров. Тие велат: Како што лажеа дека од Ѓорче Петров ќе направат Париз, така сега СДСМ Ѓорче Петров лажат дека парите на ѓорчепетровци се трошат на патувања, хотели, партиски вработувања. Ред е, ако се сигурни во тоа, да достават докази пред граѓаните, бидејќи на збор одамна никој не им верува токму поради тоа што општината ја оставија во кал, отпад до гуша и со нефункционален систем. Дотолку што, единствено наследство добиено од СДСМ во Ѓорче Петров се долговите и проблемите кои во изминативе месеци интензивно се решаваат. И секако, забраната за простирање на гаќи од која целата јавност тераше мајтап и се исмеваше со СДСМ“.

Во реакцијата и демантот по наводите на Јовановски, Општина Ѓорче Петров, додава:

„Општина Ѓорче Петров нема потрошено ниту еден денар на ноќевања како дел од службени патувања, затоа што такви не се реализирани во мандатот на градоначалникот Александар Стојкоски. Гоштевањата на општинска сметка со ракии, пива, скапи вина и јадења заминаа заедно со СДСМ од Ѓорче Петров. Граѓаните и самите можат да се убедат дека повеќе не се набавува алкохол за правење фешти низ општината преку сајтот за јавни набавки, а се троши само на најнеопходни продукти за скромен пречек на гости. Во овој дел, потенцираме дека фактури за гоштевање преку општинскиот буџет на претходното раководство доаѓаа и по нивното заминување, а дека немаме намера да плаќаме туѓи ѓезвиња покажува и фактот што истата е вратена и неплатена.

Желбата повеќепати повторена лага од СДСМ да стане вистина, ќе остане само желба. А дека не се знае ниту што се лаже, говори фактот што СДСМ пласираа пред јавноста три различни суми, а со тоа и дезинформации, каде истите средства на секој нареден прес растат, и тоа на 19.03.2022 СДСМ пласираа дека се потрошени 25.000 евра, на 23.03.2022 година дека се потрошени 133.000 евра, за да на денешниот прес износот го зголемија до потрошени 230.000 евра. И секако, тоа го кажуваат на прес-конференции без новинари, каде се снимаат самите, зошто им е страв дека некој ќе им побара доказ за секое од овие тврдења – а тие немаат бидејќи сите обвинувања се лага.

Ги повикуваме СДСМ за градинката во Ѓорче Петров да одговорат дали преку министерствата со кои раководат на централно ниво тенденциозно го кочат процесот на отворање на градинките со необезбедување на согласности за отпочнување со работа, а со тоа и правење на институционална пречка за згрижување на дечиња од општината?

Ѓорче без кал е проект кој веднаш почнавме да го реализираме. Во првите шест месеци од мандатот, обезбедивме средства за асфалтирање на 25 улици на територијата на Ѓорче Петров. Туку, ќе одговори ли СДСМ зошто го остави Ѓорче со кал? Никој не може да го најде ниту ветениот базен од СДСМ, ниту гасификацијата, атмосферската канализација, капиталните проекти. Но затоа, дупките, калта, задолжена општина и сметките за кафеани се тука.

Зелената агенда во Ѓорче отпочна со средувањето на наследената депонија од СДСМ во Ново село, место каде освен што е исчистена, во тек е и проектирањето на мега паркот, распространет на површина од 10.000 метри квадратни.

За фекалната канализација и водовод, освен тековните средства во буџетот за оваа намена, на првиот ребаланс на буџетот издвоивме дополнителни средства за средување на овие проблеми во руралниот предел.

Општина Ѓорче Петров стана отворена општина, каде се слушаат критиките, администрацијата има цел најбрзо да ги решава проблемите, а раководството, и покрај долгот, што побрзо да ги реализира големите капитални проекти. Го менуваме Ѓорче во убава, модерна, еколошка и општина за сите граѓани“

Continue Reading

#ОХРИД

Болниците преполни, докторите апелираат да се мијат раце



Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека и покрај тоа што се укинати епидемиските мерки, тоа не значи дека треба да се прекине со миење раце. „Почитувани граѓани, Укинувањето на сите против епидемиски мерки НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ МИЕТЕ РАЦЕТЕ !!!!!! Амбулантите и Клиниките се преплавени […]

The post Болниците преполни, докторите апелираат да се мијат раце appeared first on Скопје1.мк.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: