Connect with us

#ОХРИД

Демант на сопствениците на парцелите кај Треска: Нашите приватни имоти се легално купени, „Шанса за Центар“ нема да ни го ускрати уставното право на сопственост


Група сопственици на градежни парцели – Треска ги демантираат обвинувањата од „Шанса за Центар“ дека нивниот имот е дел од малверзации и неправилности. Тие се децидни дека никогаш не им било „тајно“ продавано земјиште. Децидни се дека е лага изнесено во кое се вели дека во „четири очи“ се продава државно земјиште.

Нивниот демант го пренесуваме во целост:

„Ние сопствениците на приватните имоти во напуштениот индустриски капацитет „Треска“ во општина Центар, остро реагираме на изнесените невистини и обвинувања од страна на „Шанса за Центар“ и претседателката на Советот Јана Белчева. Тие денеска се обидоа да претстават во јавноста дека нашите приватни имоти, кои сме ги купиле на најлегален начин, се дел од некакви законски малверзации и неправилности.

Во целост демантираме дека како сопственици на приватните парцели, ни било „тајно“ продавано државно земјиште за дооформување на нашите приватни имоти и целосна лага е дека во „четири очи“ се продава државно земјиште. За ваквите обвинувања бараме итно извинување од Белчева и „Шанса за Центар“.

Понатаму, лага е дека 47% од земјиштето кое е државно ќе се распродава. Одговорно тврдиме дека државното земјиште останува државно, а за додоформување на имотите има уште 15% и тоа се прави согласно законот. Сè останато е во државна сопственост и спаѓа во делот на улиците, тротоарите и други јавни површини. Зошто Белчева се обидува да манипулира со вистинските бројки прикажувајќи дека се „разграбува“ државен имот? Ние имаме право и согласно закон сè што бараме е да со го оствариме тоа право. Дополнително, ние како сопственици на имотите во комплексот ќе направиме и парк со големина над 9.400 квадрати, како и дополнителни зелени површини од 20%, иако истите не се ни воопшто предвидени со актуелниот ДУП. Сите овие работи „Шанса за Центар“ се обидува да ги прикаже погрешно во јавноста.

Ние нема да се откажеме од нешто што ни е загарантирано со Устав. „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат да ни ги ускратат правата на нашето парче простор. Веќе три години поминуваме низ голгота и трпиме огромни штети заради политичките хирови на Белчева. Конкурсот на кој се повикува таа е целосно невалиден и спротивно на било кој закон бидејќи во него не е испочитувано правото на сопственост.

Ние како сопственици на имотите отворено прашуваме дали „Шанса за Центар“ ќе преземе каква било одговорност пред граѓаните за каква било штета ако не ни се дозволи да си го оствариме нашето право. Нашиот проект чека веќе три години и ништо не се помрднало од мртва точка.

Ја информираме јавноста дека како сопственици на тие имоти подготвуваме тужба за нанесена штета во износ од 50 милиони евра. Белчева и останатите ќе треба да одговорат пред граѓаните како општината ќе ни ги надомести средствата во случај овој притисок од нив да продолжи.

За крај, дали „Шанса за Центар“ и Белчева сакаат напуштената фабрика, „Треска“,уште долги години да остане огромна депонија, еколошка бомба во срцето на Општината? Под превезот на „граѓански активизам“, претставувајќи се дека ги застапуваат интересите на жителите на Центар, сведоци сме како „Шанса за Центар“ наместо да нудат решенија на проблемите, тие се кочничари. До кога ќе градат политички кариери со блокади без решенија?

Апелираме до градоначалникот Герасимовски дека нема да толерираме повеќе блокади и дека ќе си ги бараме правата пред судовите доколку продолжат незаконските опструкции. Бараме во најскоро време да се завршат барањата за дооформување на парцелите кои ни следуваат законски и конечно да се реши проблемот кој никому не носи добро, освен на оние кои сакаат политички да профитираат од него“, велат од Групата сопственици на градежни парцели – Треска.

#ОХРИД

(ВИДЕО) Сакал да види како ќе му изгледа погребот, па платил работници да плачат за него


Миладин Јелиќ од Бања Лука стана хит на социјалните мрежи, откако се снимил како лежи на својот гроб. Тој сакал да види како тоа ќе изгледа и направил проба. Во видеото се слушаат луѓе кои плачат за него.

На видеото се гледа како тој легнува на своето гробно место, а на луѓето кои плачат им платил и по 50 евра. Јелиќ е познат како Маза и е сопственик на истоименото кафуле во Бања Лука.

Со ова видео ги изненадил сите пријатели, кои велат дека често знае да направи вакви работи и да ги насмее до солзи. За неговото кафуле, Јелиќ вели дека е многу познато во Бања Лука и дека кај него доаѓаат голем број естрадни ѕвезди, меѓу кои и Саша Матиќ.

Continue Reading

#ОХРИД

„Лажевте дека од Ѓорче ќе направите Париз и оставивте задолжена општина каде единствено донесовте забрана за простирање гаќи“, остра реакција до СДСМ


Општина Ѓорче Петров остро реагираше на изјава за медиуми, Кристијан Јовановски, претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров. Тие велат: Како што лажеа дека од Ѓорче Петров ќе направат Париз, така сега СДСМ Ѓорче Петров лажат дека парите на ѓорчепетровци се трошат на патувања, хотели, партиски вработувања. Ред е, ако се сигурни во тоа, да достават докази пред граѓаните, бидејќи на збор одамна никој не им верува токму поради тоа што општината ја оставија во кал, отпад до гуша и со нефункционален систем. Дотолку што, единствено наследство добиено од СДСМ во Ѓорче Петров се долговите и проблемите кои во изминативе месеци интензивно се решаваат. И секако, забраната за простирање на гаќи од која целата јавност тераше мајтап и се исмеваше со СДСМ“.

Во реакцијата и демантот по наводите на Јовановски, Општина Ѓорче Петров, додава:

„Општина Ѓорче Петров нема потрошено ниту еден денар на ноќевања како дел од службени патувања, затоа што такви не се реализирани во мандатот на градоначалникот Александар Стојкоски. Гоштевањата на општинска сметка со ракии, пива, скапи вина и јадења заминаа заедно со СДСМ од Ѓорче Петров. Граѓаните и самите можат да се убедат дека повеќе не се набавува алкохол за правење фешти низ општината преку сајтот за јавни набавки, а се троши само на најнеопходни продукти за скромен пречек на гости. Во овој дел, потенцираме дека фактури за гоштевање преку општинскиот буџет на претходното раководство доаѓаа и по нивното заминување, а дека немаме намера да плаќаме туѓи ѓезвиња покажува и фактот што истата е вратена и неплатена.

Желбата повеќепати повторена лага од СДСМ да стане вистина, ќе остане само желба. А дека не се знае ниту што се лаже, говори фактот што СДСМ пласираа пред јавноста три различни суми, а со тоа и дезинформации, каде истите средства на секој нареден прес растат, и тоа на 19.03.2022 СДСМ пласираа дека се потрошени 25.000 евра, на 23.03.2022 година дека се потрошени 133.000 евра, за да на денешниот прес износот го зголемија до потрошени 230.000 евра. И секако, тоа го кажуваат на прес-конференции без новинари, каде се снимаат самите, зошто им е страв дека некој ќе им побара доказ за секое од овие тврдења – а тие немаат бидејќи сите обвинувања се лага.

Ги повикуваме СДСМ за градинката во Ѓорче Петров да одговорат дали преку министерствата со кои раководат на централно ниво тенденциозно го кочат процесот на отворање на градинките со необезбедување на согласности за отпочнување со работа, а со тоа и правење на институционална пречка за згрижување на дечиња од општината?

Ѓорче без кал е проект кој веднаш почнавме да го реализираме. Во првите шест месеци од мандатот, обезбедивме средства за асфалтирање на 25 улици на територијата на Ѓорче Петров. Туку, ќе одговори ли СДСМ зошто го остави Ѓорче со кал? Никој не може да го најде ниту ветениот базен од СДСМ, ниту гасификацијата, атмосферската канализација, капиталните проекти. Но затоа, дупките, калта, задолжена општина и сметките за кафеани се тука.

Зелената агенда во Ѓорче отпочна со средувањето на наследената депонија од СДСМ во Ново село, место каде освен што е исчистена, во тек е и проектирањето на мега паркот, распространет на површина од 10.000 метри квадратни.

За фекалната канализација и водовод, освен тековните средства во буџетот за оваа намена, на првиот ребаланс на буџетот издвоивме дополнителни средства за средување на овие проблеми во руралниот предел.

Општина Ѓорче Петров стана отворена општина, каде се слушаат критиките, администрацијата има цел најбрзо да ги решава проблемите, а раководството, и покрај долгот, што побрзо да ги реализира големите капитални проекти. Го менуваме Ѓорче во убава, модерна, еколошка и општина за сите граѓани“

Continue Reading

#ОХРИД

Болниците преполни, докторите апелираат да се мијат раце



Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека и покрај тоа што се укинати епидемиските мерки, тоа не значи дека треба да се прекине со миење раце. „Почитувани граѓани, Укинувањето на сите против епидемиски мерки НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ МИЕТЕ РАЦЕТЕ !!!!!! Амбулантите и Клиниките се преплавени […]

The post Болниците преполни, докторите апелираат да се мијат раце appeared first on Скопје1.мк.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: