Медиасет.мк

#ТРЕНД

Организаторите на „Греми“ ги менуваат правилата по обвинувањата за корупција


Марк Волберг ја покажа драматичната трансформација на своето телото, откако се обиде да стави што е можно повеќе тежина за неговата улога како свештеник, поранешен боксер, во претстојниот филм Father Stu (Отец Сту).

49-годишниот актер гостуваше во „Џими Кимел лајф“ минатиот месец кога откри дека планира да сe здебели околу 14 килограми за шест недели, а сега тој на своите 16,3 милиони следачи на Инстаграм им покажа како напредува со намерата физички да долови поранешен спортист свештеник.

„Сега и пред три недели. Благодарение на готвењето на @chef_lawrence,“ напиша тој покрај двете фотографии што ги сподели во понеделникот.

На фотографијата на Волберг од пред три недели може да се види неговата мускулеста фигура во сала за вежбање.

На втората, направена откако намерно ги накачи килограмите, тој лежи во кревет, видливо потежок, и нема ни трага од стомачните мускули.



Трендинг

На почеток
error: