Медиасет.мк

#ФОКУС

Османи не знае што е изгласано во Бугарија за кревање на ветото, Македонија има став но не се знае дали ќе влијае

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи не знае која е финалната верзија која е усвоена во бугарскиот парламент за кревање на ветото со услови од францускиот предлог. Ставот на Македонија е историските прашања, промената на Уставот и македонскиот јазикот да не бидат дел од преговарачката рамка, но дали истиот ќе влијае – не е познато.

„Прво треба да видиме што текст има изгласано Бугарија и што француското претседателство ќе достави како конечен предлог. Верзијата која беше доставена беше работна, бидејќи одредени прашања за кои не сме усогласени останаа во загради. Така што допрва треба да видиме која е бугарската позиција и што француското претседателство кога ќе види наша и бугарска позиција, како ќе пристапат во овој процес. Ќе бидеме во комуникација со нив за да видиме што ќе биде“, кажа Османи.

Тој додаде: „Ќе видиме каква резолуција донел бугарскиот парламент, па што ќе одлучи француското претседателство“.

Трендинг

На почеток
error: