Лавина реакции на сметка на Собранието, откако, со потпис од Талат Џафери се набавија 100 лаптопи. Набавката доаѓа во време кога илјадници ученици немаат компјутери за да следат онлајн настава.
Не знам како избравме пратеници што немаат ни сопствен компјутер/лаптоп. Јас имав мислење дека бираме луѓе што се во тек со ново време и технологии. Ова испадна од нива сме ги собрале.
— Ибе Паликуќа (@Ibe_Palikukja) October 21, 2020
Купиле лаптоп за секој пратеник, а можевме да обучеме две магирња за тие пари.
— Чернобил '86 (@GLASche____) October 21, 2020
Наставник/професор
Плата: 20.000 денари
Купува лаптоп со свои пари
*
Пратеник
Плата: 100.000 денари
Државата му дава лаптоп— Волкот од шумата 🌲 (@wolf_forest_228) October 21, 2020
За децата да се снајдеме за лаптоп а за пратениците не е проблем бато и од 56 000 може
— Numista (@VLazarevik) October 21, 2020
Они гнетат бизони на наш рачун, а вие очекувате од плата да си купат лаптоп. 🙄
— Кирјана (@svoja_na_svoeto) October 21, 2020
https://twitter.com/Shisharka_/status/1318949761341444102?s=19
Значи 20 пратеници не добиле лаптоп. Донации да збираме?
— mkCoder (@mkCoder) October 21, 2020
На пратениците им купиле лаптопи од по 1000 евра. Поскапа дресура на магариња од ова има ли?
— JaneDoe (@sonjatd) October 21, 2020