#АНИМАВЕТ

Ова е реалноста во која живееме: Набоцкал виршли на шајки за да усмрти кучиња

Објавено на

„Само што видов некоја слика виршлички набоцкани со шајки и фрлени за кучиња да ги јадат. Језиво. Си го замислив. Некој рекол ај ќе стаам шајки во виршлички. Отишол, отворил тоа фиоката со алат, извадил кутивче со шајчиња, го отворил и ги истурил. После отворил пакетче виршлички и ги боцкал шајчињата едно по едно. Едно по едно. Едно по едно. Па излегол надвор и ги фрлил негде со надеж дека куче ќе ги изеде. И се вратил дома. Го вратил кутивчето во фиоката. Седнал пред ТВ и си пуштил нешо, се навалил на перницата да одмори. Си вика е сеа некое куче ќе ги изеде и ќе му се распара утробата од внатре. И тој живее меѓу нас. Тука негде може да ни е комшија. И го носи тој болен мозок у тоа главата и навидум е нормален. Језиво“, напиша Ина Многуфина.

Трендинг

Exit mobile version