#ФАЦИ
Јовковска: Короната ги подели луѓето на оние кои се грижат за послабите и оние кои се грижат само за своето задоволство
“Короната ги подели луѓето на одговорни и неодговорни. На луѓе кои се грижат за послабите, покревките и повозрасните и луѓе кои се грижат само за своето задоволство и комодитет”, вели новинарката и авторка Ана Јовковска.
“На луѓе кои немаат капацитет да прифатат дека може да се живее и со помалку забава и аздисаност и луѓе кои се вртат кон себе, кон книгите, кон природата. На луѓе кои веруваат во наука и медицина и луѓе кои веруваат во теории на заговори. На луѓе кои умеат да бидат сами со себе и на луѓе кои не можат без надворешни стимулации. На луѓе на кои им се важни славите и луѓе кои сакаат да го слават животот на долг рок. На луѓе кои молат да се почитуваат здравствените мерки и луѓе кои бахато одбиваат да ја прифатат сериозноста на ситуацијата. На луѓе кои викаат “нека биде што биде” и луѓе кои викаат “ја прифаќам одговорноста за своите постапки”. На луѓе кои релативизираат и луѓе кои се информираат. На луѓе кои мораат на работа во фабрика и луѓе кои мораат на журки. На луѓе за кои смртните случаи се нечии сакани и блиски и луѓе за кои починатите се само бројки. На луѓе кои носат маски и луѓе кои не сакаат да ја симнат маската на човекот за неговата семоќност”, напиша Јовковска на фејсбук.